Фудбалската федерација на Франција (ФФФ) немаше милост кон ѕвездата на ПСЖ, Нејмар. Бразилецот доби жестока казна поради инцидентот што го предизвика по завршувањето на финалето во Купот на Франција, против екипата на Рен.
Рен сензационално ја освои титулата во Купот, откако по изведувањето на пенали ги победија фаворитите од Париз.
По завршувањето на мечот, на доделувањето на медалите, тој не можел да ги истпри провокациите и удрил еден навивач на Рен.
ФФФ, во петокот, соопштија дека Бразилецот е суспендиран на пет натпревари во сите натпреварувања во францускиот фудбал.
Ова е втора суспензија што Нејмар ја добива оваа сезона. Претходно, поради коментарите за судењето на мечот ПСЖ-Манчестер Јунајтед (1:3), УЕФА му одреди суспензија од три натпревари.