Фудбалерот на Каљари, Жоао Педро, доби дозвола од ФИФА да го смени спортското државјанство. Педро, во иднина ќе го носи дресот на Италија. Дресот на азурите веќе го носат неговите сонародници Рафаел Толои, Жоржињо и Емерсон Палмиери.
Педро во минатото играл за младинските селекции на Бразил. Поради тоа му беше потребна дозвола од ФИФА.
Жоао Педро има италијанско државјанство од 2014 година.
Најдобриот фудбалер на Каљари, за Италија би можел да дебитира на 24.март, во баражот за Пласман на Светското првенство против репрезентацијата на Македонија.