Top Sport

Усик на соочувањето со Џошуа излезе облечен како Џокер

Украинскиот предизвикувач за титулата во тешка категорија, Олександер Усик на последното соочување со Ентони Џошуа пред нивната пресметка, се облече како Џокер од филмот со Хоакин Финикс, откако претходно ја избричи косата и пушти мустаќи во стилот на украинските козаци.

34-годишниот Украинец, кој има 18-0 скор се појави во портокалов костум одело, жолт елек, зелена кошула и машна со точки.

Џошуа, носителот на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО титулите ќе се судри со поранешиот шампион во крузер категорија, Усик во сабота на 25 септември на новиот стадион на Тотенхем во Лондон.

Scroll to Top