Top Sport

Почина „Бразилскиот Хулк“: Со години си вбризгуваше масло во мускулите

Познатиот бодибилдер Валдир Сегато, попознат како Бразилецот Хулк, почина шест години откако првично бил предупреден да не вбризгува масло во мускулите, пишува британскиот таблоид „Дејли Стар“. Валдир Сегата бил предупреден од лекарите дека неговиот начин на живот може да има сериозни компликации по неговото здравје, но тој одлучил да продолжи да вбризгува синтол во неговите мускули за да изгледаат поголеми.

Тој успеа да достигне 1,6 милиони следбеници на Тик Ток, а неофицијално се тврди дека починал од срцев удар на неговиот 55. роденден. Сегато неколку пати бил предупреден дека поради вбризгувањето масло може да заврши да ги загуби рацете, но и дека со секој третман се зголемуваат шансите за посериозна болест.

Познато е дека несаканите ефекти на синтолот се повеќекратни и може да предизвикаат срцев удар, белодробна масна емболија, оклузија на пулмоналната артерија, миокарден инфаркт, мозочен удар и инфективни компликации. Не му беше грижа за тоа.

„Постојано ме викаат Хулк, Шварценегер и Хи-Мен и тоа ми се допаѓа. Ги удвоив бицепсите, но сепак сакам да бидам поголем“, изјави тој во 2016 година во едно интервју.

Неговиот профил на Инстаграм се викал „Валдир Синтол“, но бразилските медиуми пишуваат дека и покрај тоа што го следеле милиони, тој не бил човек гладен за внимание.

Тие тврдат дека живеел во стан изграден на задната страна од куќата на еден познаник по име Мојсес да Консеисао да Силва. Мојсес рекол дека на денот на неговата смрт, Сегато побарал помош од мајка му бидејќи имал проблеми со дишењето. Во интервју за бразилски „Глобо“ тој ги откри деталите.

„Беше околу 6 часот наутро. Тој ползеше низ задниот дел од куќата и дојде напред. Потоа тропна на прозорецот на мајка ми, тропаше, тропаше, таа се разбуди и го слушна како вели „помогни ми, помогни ми, те молам, умирам. Не било можно да се спаси и покрај тоа што веднаш бил префрлен со возило на итна медицинска помош. Го ставиле во автомобилот, а потоа соседот отишол со него во итната медицинска помош. Стигна таму со него, колабираше на рецепција, имаше срцев удар““, изјави Мојсес.

Scroll to Top