Светското првенство кое се играше во Катар заврши со триумф на Аргентина против Франција по подобро изведување на пенали. Целиот свет ги следеше мундијалските возбудувања, а особено неверојатно беше финалето.
Сепак, италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Жоргињо, воопшто не бил заинтересиран за Мундијалот. Неговата репрезентација не учествуваше на годинашното Светско првенство, а причината за тоа е Македонија која ги елиминираше „аѕурите“ во баражот.
„Беше многу тешко, особено на почетокот. Не ги гледав натпреварите, навистина ми беше тешко. Се дружев со семејството. Гледав само неколку натпревари кога играа моите пријатели, но не го знаев точното време на почетокот, па не ги гледав сите натпревари. Не сакав да гледам, едноставно не ме интересираше. Само неколку натпревари на крајот ми го привлекоа вниманието“, изјави Жоргињо.