Позициите на Зинедин Зидан во Реал се серизно разнишани по бледите изданија на екипата во подготвителниот период и неубедливата игра во првите два натпревари во новата сезона.
Зидан, како што пишува „АС“, се наоѓа под силен притисок бидејќи претседателот на Реал Флорентино Перез во преодниот рок вложи повеќе од 300 милиони евра во нови играчи.
Притисокот врз Зидан дополнително е зголемен по саботното реми против Валјадолид (1-1), кога Реал примија гол во 88 минута.
Наводно отказот на Зидан го чека Жозе Мурињо кој во периодот од 2010 до 2012 година го предводеше Реал. Португалецот е без работа од декември минатата година. Во меѓувреме одбил неколку добри понуди со образложение дека чека понуда од некој врвен клуб.