Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ не беше импресиониран од однесувањето на аргентинските фудбалери на СП во 2022 и вели дека нема шанси да освојат ништо во иднина.
Ибрахимовиќ, кој за време на СП во Катар направи контроверзи кога изјави дека знае дека Аргентина сигурно ќе ја освои титулата, што некои го протолкуваа како доказ дека ФИФА ги фаворизира „албиселесте“, сега смета дека остварувањата на Лионел Меси никогаш нема да бидат заборавени, но дека остатокот од аргентинскиот фудбалски тим ќе потоне во заборав.
„Меси е сметан како најдобар играч во историјата, така што бев сигурен дека ќе победи. Но, сега ќе се случи тоа што го очекувам, Килијан Мбапе пак ќе освои Светско првенство. Не сум загрижен за Меси, туку за другите во Аргентина, бидејќи веќе нема да освојат ништо. Меси освои се што можеше и ќе биде запаметен, но тие кои се глупираа таму, тоа не може да биде за почит. Ова доаѓа од мене, како професионален фудбалер – можеби ќе освоиш еднаш, но нема да освоиш ништо повеќе. Така не се победува“, вели Ибрахимовиќ.