Златан Ибрахимовиќ уште го чека својот следен ангажман, а по шпекулациите дека тоа ќе биде во Италија, вели дека Милан е неговиот „втор дом“, но исто така потврдува дека тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е „уникатна личност“.
Милан и Болоња се најсериозните италијански клубови заинтересирани за Швеѓанецот, кој објави дека во декември ќе го напушти МЛС тимот на Лос Анџелес галакси. Италијанските медиуми тврдат дека Милан се подтотвени да му дадат 18-месечен договор со висока плата, која во Болоња, сепак, нема да му е достапна.
„Милано е мојот втор град, мојот втор дом. Имам прекрасни сеќавања од периодот кој го поминав таму. Ако постои проект кој ќе ме стимулира, можам да играм до мојата 50-та година. Само што го завршив искуството во Лос Анџелес и сега има два херои од два света – јас и Џузепе Гарибалди“, вели Ибра во интервју за „Ла газета дело спорт“.
Меѓутоа, тој ги спомена и Болоња и нивниот тренер Михајловиќ, кој е во тешка и храбра борба со ракот.
„Зборувам често со Синиша. Тој ми е пријател, исклучителна личност и уникитен човек“, открива Ибрахимовиќ.