Златан Ибрахимовиќ не очекува дека ќе има конфликт со Ромелу Лукаку, кога двајцата повторно ќе се сретната на фудбалските терени во квалификациите за ЕУРО 2024 помеѓу Шведска и Белгија в петок.
Ибрахимовиќ и Лукаку, кои претходно беа соиграчи во Манчестер јунајтед, во јануари 2021 во меч од Копа Италија имаа „блиска средба“ во меч во кој двајцата постигнаа голови, а Интер со 2:1 го совлада Милан. Оттогаш многу работи се сменија – Лукаку се врати во Челси, за потоа да биде повторно пратен на позајмица во Интер оваа сезона, додека Ибрахимовиќ, откако лани помогна Милан да стане шампион, беше на операција на коленото по што паузираше долго време.
„Зошто би било поинаку? Се работи за нормален натпревар во тешка квалификациска група“, изјави невообичаено смирениот Ибрахимовиќ, кој повторно е повикан во шведската репрезентација.
Romelu Lukaku and Zlatan Ibrahimović clearly disagreeing on something tonight. Considering Ibrahimovic ended up being sent off and Lukaku has just scored the equaliser, I think it’s clear who has came out of this one better! pic.twitter.com/gslFCdkkW0
— TheMightyBlues (@MightyBluesYT) January 26, 2021
Last time Milan played Inter, Zlatan Ibrahimovic and Lukaku went head-to-head 😤
Round two today? 👀 pic.twitter.com/R6SS62zTU6
— GOAL (@goal) February 21, 2021