Златан Ибрахимовиќ им покажа на навивачите на Милан на сликовит начин низ што поминувал во последните шесет месеци за да може да игра и да помогне „росонерите“ да го освојат скудетото.
40-годишниот Швеѓанец е во аут седум-осум месеци откако реши да оди на операција на лигаментите во левото колено, но не потврдува дека се повлекува од фудбалот, туку покажа што точно правел за да може да продолжи да игра.
„Го празнев коленото еднаш неделно шест месеци“, напиша Златан на Инстаграм со видео во кое се прави „аспирација“ на зглобот, со што се намалува отокот и се прави проценка на повредата на зглобот.
Emptied the knee once a week for six months pic.twitter.com/ewLbIizL2P
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) May 29, 2022