Top Sport

Златан преврте маса и порача: Италија му припаѓа на Милан

Милан вчера ја освои својата прва италијанска титула по 11 години, а пред да почнат лудите прослави, фудбалерите на „росонерите“ мораа да отслушаат говор на Златан Ибрахимовиќ.

Иако ќе наплни 41 година во октомври, тој прво веднаш им објавува на соиграчите дека нема да се повлече од фудбалот, туку објаснува дека успехот го достигнале како група, па во негов стил ја превртува масата и порачува: „Италија му припаѓа на Милан“, по што почнува лудата прослава.

Инаку, фудбалерите на Милан вчера вечерта пристигнаа во своето седиште, каде што имаше над 15 илјади тифози.

Scroll to Top