Top Sport

Златан: Со Манчестер јунајтед ги замолчев „хејтерите“

Златан Ибрахимовиќ во интервју за „ЕСПН“ вели дека уживал во краткото време со Манчестер јунајтед во Премиерлигата, бидејќи тоа му дало шанса да ги „замолчи“ хејтерите.

Шведскиот ветеран пристигна на „Олд Трафорд“ во 2016, и иако претходно освојуваше 13 лигашки титули со Ајакс, Јувентус, Интер, Милан и Пари Сен-Жермен, постоеја големи сомнежи дали ќе може да го издржи темпото на игра во Премиерлигата.

Во првата сезона под Жозе Мурињо тој стигна до Комјунити шилд и Карабао купот (постигнувајќи голови во двете финалиња), како и титула од Карабао купот.

„Се забавував! Навистина уживав кога пристигнав, бидејќи сите беа против тоа. И во Англија, не им се допаѓав. На сите тие хејтери по три месеци почнав да им се допаѓам, но јас не ги сакав. Сакам кога ме мразат, бидејќи така го извлекуваат максимумот од мене. Атмосферата беше фантастична и среќен сум што играв за Јунајтед, за мене најдобриот англиски клуб. Лесно е да се дојде во клуб кога успехот е таму, а друго е кога не е така. Фановите беа одлични со мене“, вели Ибрахимовиќ, кој во 2018 замина во Лос Анџелес галакси, каде што остана две сезони пред да се врти во Милан.

Scroll to Top