Top Sport

Зошто Арапи купија 50 отсто од најрасистичкиот израелски клуб Беитар?

Во една од најнеобичните фудбалски зделки во 2020 година, член на владеачкото семејство на Обединетите Арапски Емирати купи 50 отсто од израелскиот клуб Беитар Ерусалим, попознат како најрасистичкиот клуб во оваа земја.

Шеикот Хамад бин Халифа Ал Нахјан се договори со управата на клубот на 7 декември, и покрај тоа што претходно навивачите на клубот го прекинаа тренингот на клубот, и напишаа погрдни написи на стадионот на Беитар. Покрај 50 отсто од Беитар, кои се само на 11. место во лигата од 14 клуба, Ал Нахјан вети инвестиција од 92 милиони долари во следните 10 години, како дел од затоплувањето на односите меѓу Израел и ОАЕ по официјалното признавање во септември.

Иако Евреи и Арапи честопати делат тимови во израелскиот фудбал, вклучувајќи ја и репрезентацијата, навивачите на Беитар се горди на тоа што никогаш не потпишале договор со Арап. Во 2013 година, навивачите се обидоа да ги запалат канцелариите на клубот откако тие купија двајца муслимански фудбалери од Чеченија. Во текот на мечевите честопати се слушаат извиците „Смрт за Арапи“, но сегашниот сопственик се обидува да го смени овој имиџ.

Моше Хогег, милионер кој ги направи парите во ИТ секторот, го купи Беитар во 2018. Тој е роден во Израел, но татко му е со потекло од Тунис.

„Денеска маршираме со клубот во денови на коегзистенција, остварувања и братство, за клубот и за заедницата“, изјави Хогег по склучување на зделката.

Фановите на Беитар бараат фудбалерот со „муслиманско“ име Али Мохамед да игра со прекар

Беитар го смени името во Беитар Трамп Ерусалим во чест на американскиот претседател

Scroll to Top