Манчестер јунајтед повторно ги разочараа сопствените навивачи со 1:1 ремито со Саутемптон, а фрустрацијата која ја имаат сите фанови на „црвените“ очигледно се шири и на фудбалерите.
Покрај утките пред празен гол, Бруно Фернандеш имаше среќа што не доби директен црвен картон за оваа „закачка“ со капитенот на „светците“, Џејмс Ворд-Проуз. Во борба за топката и влечење, Фернандеш јасно со намера се обиде да го нокаутира својот противник. Меѓутоа, не доби ниту жолт картон, ниту инцидентот беше разгледуван од ВАР.
#brunofernandes ?? pic.twitter.com/SY078Z879B
— Charlie Farley ® (@charlie__farley) February 12, 2022