Top Sport

Зрињски или Брејдаблик ќе ја чекаат Струга ТЛ во плеј-оф колото во Конференциската лига

Македонскиот првак Струга Трим Лум го доби можниот ривал за плеј-офот од Конференциската лига. Тоа ќе биде поразениот од дуелот меѓу Зрињски (БиХ) и Брејдаблик (Исланд).

Во плеј-оф рундата, Струга ТЛ би била домаќин на првиот натпревар на 24 август, а реваншот би се играл седум дена подоцна.

Сепак, Струга ТЛ претходно ќе треба да го елиминира и противникот во третото квалификациско коло од Конференциската лига, тимот на Есперанж од Луксембург, кој гостува во Скопје на 10 август.

 

Scroll to Top