АБА лигата ја казни Црвена звезда откако белградскиот клуб одби да отпатува во Црна Гора за дуелот со Будуќност поради политичката ситуација во оваа земја и контроверзниот закон за верски заедници.
Звезда не пристигна во Подгорица, каде што на теренот излегоа само кошаркарите на Будуќност пред мечот да биде откажан и регистриран со 20:0 победа за црногорскиот тим.
„Поради неоправданото отсуство на Црвена звезда на мечот од 13. коло од АБА-лигата се носи дисциплинска казна – одземање на еден поен, парична казна од 20.000 евра и обврска да се покријат сите трошоци за неодиграниот натпревар“, се вели во одлуката на АБА.
Disciplinary sanctions for Crvena zvezda mts: https://t.co/mL6v1tsiTL #ABALiga pic.twitter.com/eOTS09Kgjw
— ABA Liga (@ABA_League) January 4, 2020
Црвена звезда одговори на ова со соопштение во кое се бара првите луѓе на лигата да не се држат круто до „правилникот“ заканувајќи се дека АБА лигата ќе престане да постои.
„Црвена звезда своите причини за непатувањето во Подгорица ги објасни ан прес-конференција. Тоа што се случува потоа само ја потврди исправноста на оваа одлука. Затоа бараме итна одлука на претседателството на АБА лигата и одредување на термин за нов натпревар без казна. Сè друго ќе значи крај на АБА лигата“, се вели во соопштението на Звезда.
KK Crvena zvezda mts obaveštava javnost da je dobio odluku disciplinskog sudije ABA lige Saše Palvičića Bekića, koja se bazira isključivo na zapisniku delegata neodigrane utakmice 13. kola KK Budućnost VOLI – KK Crvena zvezda mts dana 30.12.2019.https://t.co/EJx62LYaJD
— KK Crvena zvezda (@kkcrvenazvezda) January 4, 2020
Бизарни сцени во Подгорица – судиите го означија почетокот и крајот на мечот (видео)