Поранешната НБА ѕвезда Амаре Стадемаер (37) договорил соработка со Макаби до крајот на сезоната. Стадемаер има израелски пасош, а од 2013 година е ко-сопственик на кошаркарскиот клуб Хапоел од Ерусалем.
Стадемаер е еден од најдобрите крилни-центри во НБА лигата во последните две децении. Најдобрите години ги имал во Финикс Санс (2002-2010), а во кариерата бил играч и на Њујорк Никс, Далас Маверикс и Мајами Хит.
По заминувањето од НБА настапувал за Хапоел, односно Фуџијан во Кина.
Во НБА лигата има просек од 19 поени и 7,8 скока по натпревар.
Макаби решија да го донесат ветеранот бидејќи четворица високи играчи им се повредени (Омри Каспи, Тарик Блек и Јовел Зусман).
„Гордоста на Израел“ одлично котира во Евролигата, со скор од 14 победи и шест порази Макаби се наоѓаат на третото место на табелата.
Read all about it?https://t.co/F4tOIr77e7 pic.twitter.com/b9D4dyynFP
— Maccabi Tel Aviv BC (@MaccabitlvBC) January 22, 2020