Top Sport

Баерн славеше во Берлин во германското евролигашко дерби

Баерн Минхен стигна до втората победа едноподруго во германското евролигашко дерби, триумфирајќи со 77:76 по продолженија на гости кај Алба Берлин, подобрувајќи го скорот на 6-8.

Владимир Лучиќ ги предводеше Баварците со 19 поени, додека Грег Монроу додаде дабл-дабл со 17 поени и 10 скока, додека за Алба најдобар беше Макаи Мејсон со 17 поени. Двата тима имаат долга традиција на дуели во германската лига, но ова беше прв дуел во Евролигата за нив.

Баерн ја имаше контролата во првото полувреме, водејќи со 30:28, и беше израмнето до самиот финиш кога Маодо Ло со кош за Баерн примора продолженија (72:72).

Продолженија имаше и во Грција, каде Олимпијакос имаше повеќе нерви за 109:98 победа над Химки. Јоргос Принтезис имаше 26 поени, а Васили Спанулис додаде 16, вклучувајќи ја и тројката за продолжение за победа по два порази во низа.

Шампионот, ЦСКА Москва, пак, им подели „стотка“ на Црвена звезда, триумфирајќи со 100:74 за подобрување на скорот на 9-5. Мајк Џејмс беше фантастичен со 29 поени, 3 скока и 3 асистенции, а Џоел Боломбој додае 17. За Звезда, Дејан Давидовац има 17 поени.

ЕВРОЛИГА, 14.КОЛО

ЦСКА Москва – Црвена звезда 100:74 (26:21, 26:23, 24:18, 24:12)

Алба Берлин – Баерн Минхен 76:77 (10:19, 18:11, 20:20, 24:22, 4:5)

Олимпијакос – Химки 109:98 (25:20, 24:22, 21:25, 26:29, 13:2)

Scroll to Top