Top Sport

Бајиќ ги одреди кошаркарите за мечевите против Шпанија и против Украина

Селекторот на машка сениорска репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за јунскиот ФИБА прозорец од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Со оглед на краткиот временски период до првите квалификациски обврски, односно наредниот натпревар од квалификациите, закажан за 1.јули, кога гостуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за потесен список од 14 кошаркари. На него се наоѓаат и младите сили, Рубин Стефанов, Андреј Јаккимовски и Теодор Симиќ.

Првиот собир на сениорскиот национален тим е предвиден да биде на 25. јуни, во салата на А1 Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во 10 часот, каде „црвено-жолтите“ ќе се подготвуваат до заминувањето за Сарагоса, како и по враќањето за Шпанија.

Инаку, освен дуелот со Шпанија во Сарагоса, нашата сениорска селекција ќе одигра уште еден натпревар во јунскиот квалификациски циклус за пласман на Мундобаскетот.

На 4. јули, во „Борис Трајковски“ во Скопје, од 18 часот, ќе гостува селекцијата на Украина.

Scroll to Top