Кошаркарите од балканот имаа забележителни настапи за своите тимови во текот на изминатата ноќ, во НБА лигата.
Орландо славеа во дуелот со Њујорк, а мечот го обележаа Никола Вучевиќ и Марио Хезоња.
Црногорскиот центар го предводеше Орландо со 29 поени и 13 скока, а Хрватот од Њујорк против својот поранешен тим ја одигра најдобрата паритја во НБА кариерата, тој забележа 29 поени, девет скока и пет асистенции.
Деневер ги декласираа Сан Антонио Спарс со 113:85, а најдобриот играч на овој тим, Никола Јокиќ за едно додавање не оствари трипл-дабл. Јокиќ мечот го заврши со 20 поени, 11 скока и девет асистенции.
Индијана убедливо победи во Детроит 108:89, а втор стрелец кај Пјесерс беше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 17 поени.
Бобан Марјановиќ одигра 18 минути за Филалделфија. Неговиот тим загуби од Атланта 130:122, а српскиот центар за 18 минути забележа по осум поени и скокови и четири асистенции.
Далас Маверикс без Лука Дончиќ победија на два натпревари, а откако Словенецот се врати по повредата забележаа пораз од Минесота 108:110. Дончиќ за Далас постигна 27 поени на кои придодаде 12 скока и шест асистенции, додека на спротивната страна Хрватот Дарио Шариќ забележа 14 поени, пет скока и три асистенции.
ЛА Клиперс довиеја тежок пораз од Хјустон 103:135. Ивица Зубац, на теренот мина 20 минути за Клиперс и забележа пет поени, осум скока, по една асистенција и блокада и три украдени топки.
Резултати:
Детроит Пистонс – Индијана Пејсерс 89:108
Орландо Меџик – Њујорк Никс 114:100
Вашингтон Визардс – Чикаго Булс 114:115
Атланта Хокс – Филалделфија 130:122
Бруклин Нетс – Торонт Репторс 105:115
Мајами Хит – Бостон Селтикс 102:112
Њу Орлеанс Пеликанс – Шарлот Хорнетс 109:115
Далас Маверикс – Минесота Тимбервулвс 108:110
Финикс Санас – Јута Џез 97:118
Портланд Трејлблејзерс – Мемфис Гризлис 116:89
ЛА Клиперс – Хјустон Рокетс 103:130