На Реал Мадрид не му оди со Барселона. Неколку дена откако Барселона со 3:0 го победи Реал на „Сантијаго Бернабеу“ во фудбалското „Ел класико“, Каталонците славеа и во дербито на Евролигата со 77:70.
Мечот од 24. коло почна со посебна церемонија, на која се крена дресот на Хуан Карлос Наваро со број 11 во „Палау Блауграна“, како петти кошаркар на Барселона кој добива ваква чест по Хуан Антонио Сан Епифанио, Начо Солазабал, Андрес Хименез и Роберто Дуењас.
„Благодарам на сите кои дојдоа и за клубот за оваа чест. Најважните моменти во мојата кариера ги поминав тука во ’Палау’ со моите фанови, моето семејство и моите луѓе. Тоа е најважното“, изјави Наваро.
По ова, кошаркарите на Барса мотивирани стигнаа до тесна победа над актуелниот шампион од Евролигата, големиот ривал, Реал Мадрид.
ЕВРОЛИГА, 24.КОЛО
Будуќност – Баерн Минхен 75:89 (17:25, 27:16, 15:25, 16:23)
Олимпијакос – ЦСКА Москва 81:97 (23:21, 27:30, 14:21, 17:25)
Барселона – Реал Мадрид 77:70 (16:17, 26:20, 14:14, 21:19)