Во најинтересниот и најнеизвесниот меч од седмото коло на Евролигата, Барселона успеа по продолженија да слави со 88:85 над Жалгирис од Каунас.
Барселона водеше во текот на првите три четвртини, и имаа предност од 60:50, пред домашниот тим да има одлична последна четвртина и да биде израмнето на 76:76 по 40 минути игра. Каталонскиот клуб не ја загуби концентрацијата и на крајот победи со 88:85 за петта победа по седум кола.
За Барселона најдобар беше Кајл Кјурик со 15 и Анте Томиќ со 14 поени, додека кај домаќините најрасположен беше Арон Вајт со 21 поен.
Во другите вечерашни мечеви, Ефес со 78:62 убедливо го победи Панатинаикос, додека ЦСКА Москва славеше исто така убедлива 93:79 победа на гостувањето кај Баерн Минхен.
ЕВРОЛИГА, 7.КОЛО
Анадолу Ефес – Панатинаикос 78:62 (19:11, 25:17, 16:18, 18:16)
Жалгирис Каунас – Барселона 85:88 (18:23, 16:16, 16:21, 26:16, 9:12)
Баерн Минхен – ЦСКА Москва 79:93 (23:30, 17:26, 25:21, 14:16)
Гран Канарија – Макаби Тел Авив 84:78 (23:15, 20:23, 22:19, 19:21)