Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија, стигна до убедлива 83:59 (15:18, 25:15, 24:12, 19:9) победа над Бугарија во третиот меч од Европското првенство до 20 години, Б-дивизија во Скопје.
Стартот на мечот не ветуваше најдобро за Македонија, откако Бугарија, која немаше пораз во претходните три меча на шампионатот, поведе со 18:15. Но, потоа, прво следуваше пресвртот во втората четвртина за 40:33 на полувреме, за потоа во второто полувреме целосно да доминираме.
Симиќ со 21 поени беше најефикасен за Македонија, која последниот меч го игра утре против Република Ирска за победа и потврда на пласманот во четврт-финале.
Фото: КФМ