Top Sport

Будуќност го отпуштија Суботиќ

Слободан Суботиќ пред пет дена ги предводеше кошаркарите на Будуќност до победата над Црвена ѕвезда во Белград, а претпладнево доби отказ. Словенецот го плати цехот за лошите резултати во Еврокупот.

Клупските челници преку соопштение објавија дека со Суботиќ бил договорен спогодбен раскин на договорот.

„Имајќи во предвид дека Управниот одбор и тренерот Суботиќ го делат заедничкиот став дека на екипата и е потребна промена за да може да се врати на победничкиот колосек и да ја продолжи сезоната во Еврокупот, се согласивме дека во овој момент спогодбен раскин на договорот е најдобро решение“.

Будуќност немаат победа по три одиграни натпревари во Еврокупот. Два од тие порази доживеаја на домашен терен од објективно послаби тимови Тренто (Италија) и Арка (Полска).

Scroll to Top