Top Sport

Чаир 2030 упати извинување за големиот инцидент и прекинат меч со Работнички

Македонскиот кошаркарски клуб Чаир 2030 упати јавно извинување за скандалот што го предизвика несовесен гледач кој влезе на теренот и нападна кошаркар на Работнички. По ова мечот беше прекинат, а Комесарот за натпреварување при КФСМ допрва ќе одлучува.

Мечот беше прекинат што значи автоматски службена победа за Работнички (0-20), а чаирчани нема да го добијат бодот наменет за поразената екипа. Секако ги очекува и голема парична казна за слабата организација.

„Најостро го осудуваме вчерашниот инцидент помеѓу нашиот клуб и Работнички. Исто така жалиме што супер атмосферата на крајот заврши на најлош можен начин. Овој супер-добро организиран настан, на кој публиката беше на највисоко ниво со супер-фер и коректна атмосфера, остана во сенка на инцидент инициран од ПОСЕБЕН ПОЕДИНЕЦ. Како клуб им се извинуваме на сите наши љубители на спортот, на КФМ и на противничкиот клуб. Како клуб ве уверуваме дека вакви инциденти нема да се повторат и немаат повеќе место во нашата куќа, реконструираната сала ‘Шабан Трстена’“, се вели во реакцијата на челниците на Чаир 2030.

Scroll to Top