Top Sport

Левандовски може да добие „почесна“ Златна топка?

Според мислењето на многу фудбалски фанови, Роберт Левандовски беше „ограбен“ што не ја доби „Златната топка“ оваа година, што следуваше по неправдата во 2020 кога наградата не беше доделена поради пандемијата на КОВИД-19. Тоа може да се смени наскоро.

Лео Меси при добивањето на седмата награда за најдобар фудбалер на светот изјави дека Левандовски ја заслужи минатогодишната титула, и сега уредникот на „Франс фудбал“, Паскал Фере ја коментираше ситуацијата.

„Тоа што го кажа Меси беше убаво и умно. Но, не мораме да носиме брзи одлуки. Ќе размислиме и во исто време ќе ја почитуваме историјата на ‘Балон д’ор’, која е основана на гласање. Не можеме да бидеме сигурни дека лани Левандовски ќе ја освоеше, бидејќи немаше гласање, иако искрено, ќе имаше големи шанси“, изјави Фере.

Останува да се види како ќе реагира „Франс фудбал“ и дали ќе додели „почесна“ или ретроактивна награда за Полјакот.

Scroll to Top