И покрај тоа што беа на чекор до сензационална победа, кошаркарите на Црна Гора го почнаа Евробаскетот со 72:68 пораз од фаворизираната Турција, во меч во кој сметаа дека се ограбени.
Црногорците имаа 68:65 предност во Тбилиси на две и пол минути пред крајот на мечот, но потоа во драма, Турција на Ергин Атаман се врати, кога на 4.5 секунди пред крајот на мечот беше суден контроверзен фаул во напад на Марко Симовиќ над Џеди Осман, по што Коркмаз со тројка го реши победникот.
Бојан Дубљевиќ со 16 поени беше најдобар за Црна Гора, додека Шејн Ларкин имаше 18, а Осман 15 за Турција.
Faul Simonovića kojim je odlučen meč Turska – Crna Gora.
Procenite sami… pic.twitter.com/H2zkbq6QNe
— Luka Nikolić (@luksie1) September 1, 2022