Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда испрати соопштение до јавноста дека нема намера да ја игра финалната серија во АБА лигата против Партизан. Ова поради термините кои се поклопуваат со финалната серија во првенството во Србија, каде ќе игра Црвена Звезда, но не и Партизан.
Црвена Звезда не сака да прифати ситуација во која ќе игра на два фронта за краток период, додека тоа не е случај и со Партизан. Ако не биде најден заеднички јазик, ова може да доведе и до дефинитивен крај на кошаркарската АБА лига.
„Ц. Звезда ја информира јавноста дека по срамното соопштение на АБА околу термините на одигрувањето на мечевите за титула со Партизан реши воопшто да не ја игра оваа пресметката, чиј почеток е закажан за 12 јуни. Клубот останува на ставот дека нема намера да почне со играње на АБА додека не завршат обврските во КЛС“, се вели во дел од соопштението на „црвено-белите“.