Македонската кошаркарска репрезентација, во пресрет на подготовките, за настапот во вториот квалификациски круг за пласман на Европското првенство и натпреварите против Косово и Романија, ќе остане без селектор.
Актуелниот предводник Јорданчо Давотков ќе поднесе оставка, а тоа треба да го направи на утрешната прес конференција.
Давитков е селектор на Македонија, но и тренер на Ал Кадсија. Во овој клуб се задоволни од работата што ја врши Давитков поради што и му понудиле и нов договор, но со услов да ги намали своите обврски кон македонскиот национален тим.
Ова значи дека селекторот нема да може да биде со репрезентацијата во текот на подготовките, што е причината за неговото заминување.
Јорданчо Давитков ја предводеше Македонија минатото лето во неуспешните претквалифиации за пласман на Светското првенство во Кина во 2019 година, а потоа успеа да го мине првиот филтер од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.