Top Sport

Дебакл на шампионот, Вориорс го декласираа Њу Орлеанс, Клиперси се вратија од -20

Големите пресврти кои ги направија Њујорк Никс и ЛА Клиперс, односно убедливата победа на Голден стејт Вориорс, ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.

Њујорк Никс, со спектакуларен пресврт, го шокираа актуелниот шампион Милвоки Бакс. На домашен терен, Бакс, не успеаја да победата и покрај тоа што на почетокот на вториот период имаа предност од 21 поен.

Предводени од Џулиус Рендл (32 поени, 12 скока), Дерик Роуз (23 поени) и Ер Џеј Берет (20 поени), Никс го победија Милвоки со 113:98. Јанис Адетокумбо беше најдобар во редовите на Милвоки со 25 поени.

Сличен пресврт направија и ЛА Клиперс. Во еден период од натпреварот Минесота имаше предност од 20 поени, на крајот Клиперси ја стигнаа и престигнаа таа разлика и славеа со 104:84.

Пол Џорџ со 21 поен и 11 скока, Реџи Џексон со 20 и хрватскиот центар Ивица Зубац со 14 пени и исто токлу скокови.

Голден стејт Вориорс, против Њу Орлеанс, ја забележаа седмата победа во осмиот натпревар сезонава. Вориорс го декласираа противникот со 126:85. Џордан Пул постигна 26 поени, Стеф Кари погоди само пет пати од игра и заврши со 19 поени, Немања Бјелица имаше учинок од 13 поени и седум скока.

Убедлив триумф запишаа и Сакраменто Кингс, 140:110 во дуелот со Шарлот Хорнетс.

Резултати:

Детроит-Бруклин 90:96
Орлансо-Сан Антонио 89:102
Вапингтон-Мемфис 115:87
Торонто-Кливленд 101:102
Портланд-Индијана 110:106

Scroll to Top