Откако генералниот менаџер на Лос Анџелес лејкерс, Роб Пелинка го нарече Ентони Дејвис „најдоминантниот млад кошаркар на светот“, тој врати со изјава за целосна доверба во тимот од кој ќе се очекува многу следната сезона.
„Искрено? Овој тим на Лејкерс би можел да победи било кого. Мислам дека во секоја серија од седум меча, ние би славеле“, изјави Дејвис во својата прва прес-конференција како играч на „езерџиите“ по трансферот од Њу Орлеанс пеликанс.
Дејвис вели дека шансата да се игра покрај Леброн Џејмс, кого го смета за пријател и со кого беше партнер во олимпискиот тим на САД (и со кого има ист агент – Рич Пол од „Клач спортс“), била толку примамлива што не можел да ја одбие.
„Беше тешко да се замине од Њу Орлеанс, град каде што играв седум години, но мислам дека времето дојде. Кога дознав дека има шанси да играм за Лејкерс, не се двоумев, посебно бидејќи тоа значеше да сум тимски колега со Леброн. Ова е тим за победи, но не само за победи, туку за титули и тоа е главната цел“, додава Дејвис.
“I’ll put our roster up against anybody.”
Anthony Davis is very confident in his new team’s roster. pic.twitter.com/Ai2BtdQTTS
— SportsCenter (@SportsCenter) July 13, 2019
Just a little bit of media attention for LeBron and Anthony Davis after the press conference ended. pic.twitter.com/TZKa9xi5Cf
— Matthew Moreno (@MMoreno1015) July 13, 2019