Top Sport

Џанан Муса во индуцирана кома по тешката повреда на душникот

Босанскиот кошаркар Џанан Муса се наоѓа во индуцирана кома откако синоќа заработи тешка повреда на душникот по што мораше итно да биде опериран. Докторите морале да го стават во индуцирана кома за да го оперираат, но и полесно да минат првите денови од рехабилитацијата.

Неговиот тим Рио Бреоган славеше против Манреса со 98:94, а Муса беше најдобар поединец на натпреварот со 18 поени, девет скока и три асистенции, иако поради повредата мораше предвреме да го напушти теренот.

Последните информации од Шпанија велат дека лекарите го разбудиле кошаркарот од индуцирана кома.

 

Scroll to Top