Top Sport

Џејмс Харден не доби покана за Ол-стар мечот: „Какво непочитување!“

Џејмс Харден не доби покана да игра на Ол-стар натпреварот и тоа е веста која предизвика многу бура во САД.

„Непочитување“, напиша кошаркарот на Инстаграм, негодувајќи за оваа „неправда“.

Инаку, Џејмс Харден десет години по ред добиваше покана за Ол-стар натпреварот.

Тренерите од НБА избраа уште 14 резерви за Ол-стар мечот, па капитените Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо сега знаат кого можат да изберат.

Од Западот, покана од тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, кој ќе го води „тимот Леброн“, им даде покани на Пол Џорџ, Гилгес-Александер, Џерен Џексон Јуниор. и неговиот соиграч од Мемфис, Џа Морант, големиот Финец Марканен од Јута, Домантас Сабонис и Демиен Лилард.

Од Истокот дополнителни покано добија Адебајо, Ембиид, Џејлен Браун, Дерозан, Џеј Ар Холидеј, Рендл и Халибартон.

Сепак, многу повеќе се зборува за тие кои не добија покана за Ол-стар спектаклот. Ги нема Леонард, Дејвис, Бренсон, Гарланд, Гордон, Харден, Сијакам, Батлер, Јанг, Едвардс…

Ол-стар натпреварот ќе се одигра во Јута на 19 февруари.

Scroll to Top