Лука Дончиќ уште еднаш ги воодушеви Американците со својата игра. Првиот кандидат за руки на сезоната го предводеше Далас до драматичната победа над Њу Орлеанс 122:119. На Словенецот му недостигаше еден скок за да го забележи првиот трипл-дабл во кариерата.
Дончиќ против „пеликаните“ забележа 21 поен, девет скока и 10 асистенции. Тој ги погоди клучните слободни фрлања на 30 секунди до крајот на мечот и му помогна на тимот да стави крај на серијата од шест порази.
Трет пат на последните пет натпревари Дончиќ има статистика што во руки сезоната ја имал само Леброн Џејмс.
„Тоа е неверојатно. Леброн е мојот идол, неверојатно е што ме споредуваат со него“, рекол Дончиќ.
Кај Пеликас се истакна Ентони Дејвис со 32 поени и 18 скока, но крилниот центар во финишот промаши две тројки, една за водство, а втората за продолженија.
Феникс Санс ја завршија турнејата по Источната конференција со победа во Орландо 122:120. Санс имаат пет победи на последните седум натпревари, а во Орландо славеа по дополнителните пет минути.
Блескаше на овој натпревар Девин Букер кој забележа 35 поени, осум скока и седум асистенции. Букер постигна девет поени во последната минута, вклучувајќи ја и тројката за израмнување.
Ди-Џеј Оугастин го предводеше Орландо со 27 поени, а Никола Вучевиќ заврши со 22 поени и 13 скока.
Резултати:
Детроит Пистонс-Вашингтон Визардс 106:95
Орлансо Меџик-Феникс Санс 120:122
Атланта Хокс-Индијана Пејсерс 121:129
Бруклин Нетс-Шарлот Хорнетс 134:132
Мајами Хит-Торонто Репторс 104:106
Чикаго Булс-Минесота Тимбервулвс 94:119
Мемфис Гризлис-Кливленд Кавалирс 95:87
Далас Маверкс-Њу Орлеанс Пеликанс 122:119
Сан Антонио Спарс-Денвер Нагетс 111:103
ЛА Клиперс-Сакраменто Кингс 127:118