Top Sport

Дончиќ магичен против Орландо Меџик (Видео)

Кошаркарите на Далас Маверикс победија во Орландо 122:106. Дуелот на Флорида го обележаа кошаркарите од Европа.

Далас до триумфот го предводеше брилијантниот Лука Дончиќ со 33 поени, 10 скока, осум асистенции, но и шест загубени топки. Најдобриот меч во сезоната го одигра Германецот Макси Клебер кој постигна 26 поени, додека Летонецот Кристапс Прозингинс забележа дабл-дабл од 24 поени и 10 скока.

На спортивната страна се истакнаа францускиот бек Еван Фурние со 28 поени и црногорскиот центар Никола Вучевиќ со 27 поени и 12 скока.

Далас се со третата победа на последните четири натпревари и со скор 34/22 се наоѓаат на шестата позиција на Западот, додека Орландо со скор 24/32 се осми на Истокот.

Scroll to Top