Top Sport

Сензација во Јапонија, Зубчиќ победи во велеслалом

Филип Зубчиќ ја забележа првата победа во кариерата со што влезе во историјата на хрватското скијање. Зубчиќ со триумфот во Јузава Наебу, Јапонија стана првиот Хрват кој не е од семејството Костелиќ со победа во Светскиот куп.

Зубчиќ победи на велеслаломот со импресивното второ возење. По првата трка тој се наоѓаше на 12 место со 1,58 секунди послаб резултат од лидерот во тој момент Хенрик Кристоферсен.

Во втората трка тој „леташе“ по патеката, успеа да ја надомести големата разлика и да триумфира со вкупно време 2.37.25 минути.

Второто место со 74 стотинки заостанување зад Зубчиќ го освои Марк Одермат од Швајцарија, додека трет беше Американецот Томи Форд.

Хрватот по шест трки во велеслалом се наоѓа на третото место во вкупниот поредок во оваа дисциплина со 56 поени помалку од лидерот Жан Крајнец од Словенија.

До крајот на сезоната ќе се возат уште три трки во велеслалом.

Scroll to Top