Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, а сега и Кевин Дурент. Ѕвездата на Феникс санс потпиша доживотен договор со „Најк“, американската компанија за спортска опрема.
„Вистинска почесте да се биде во игра доживотно со ‘Најк’“, напиша Дурент на Твитер.
„Најк“ и Дурент соработуваат од 2007 година, неговата дебитантска во НБА и досега компанијата објави 15 патики со неговото име. „Најк“ исто така ги подржуваше добротворните фондации на Дурент за градење на кошаркарски терени низ САД и помош за сиромашните заедници.
„Како една од најголемите кошаркарски ѕвезди на светот, Кевин Дурент беше важен дел од семејството на ‘Најк’ последните 16 години. Сега ќе служиме заедно на следната генерација спортисти“,вели Џон Слашер, директорот за спортски маркетинг на „Најк“.
Недопирливиот Мајкл Џордан е човекот кој има најславно партнерство со „Најк“, и иако се пензионираше во далечната 2003 година, неговиот бренд во „Најк“ донесе приходи од 5.1 милијарди доари само во 2022 година.
A true honor to be in the game for life with @Nike https://t.co/VNj1IJUVWG
— Kevin Durant (@KDTrey5) April 28, 2023