Најдобриот играч на Филаделфија ‘76, Џоел Ембиид, најверојатно нема да игра во првиот натпревар од полуфиналната серија на плејофот против Бостон Селтикс.
„Лекарите го прегледаа и тој не можеше да направи ништо на тренингот денес“, изјави во тренерот на Сиксерс, Док Ривер и дополни
„Би рекол дека е знак прашалник барем за првиот натпревар. Но, ќе видиме“.
Ембиид се повреди пред речиси две недели на третиот натпревар од серијата со Бруклин Нетс, која Сиксерси го добија со 4-0.
Првиот натпревар на распоредот е вечерва во Бостон.
„Тие се извонреден тим, одличен тренер, добра постава во нападот, многу оружја и многу добри играчи. Да, лидери се Тејтум и Браун, но тука се и Хорфорд, Вајт, Брогдон… Веќе беа во финале, го имаат тоа искуство, се соочија со различни пречки и ништо нема да ги поколеба. Мораме да бидеме подготвени на сето тоа“, заклучува Риверс.