Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и неговиот тим ЦСКА Москва доживеаја голем удар откако го загубија седмиот решавачки меч од полуфиналниот плеј-оф против Локомотив Кубан во ВТБ лигата.
Во драматичен меч во кој се играше и продолжение, ЦСКА Москва на крајот загуби со 103:100.
Тимот на Рајковиќ имаше предност по првото полувреме од 47:39, но, сепак, на крајот се радуваше составот на Локомотив Кубан. Окаро Вајт со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим.
Локомотив Кубан во финалето ќе игра против Зенит или Уникс Казан, чиј член е македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.