Американецот Ерон Харис (26 год, 191 см) e нов играч на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Херис е поранешен студент на универзитетите Вест Врџинија и Мичиген. Во САД играл и во развојната Џ-лига во екипата на Висконсин херд, а минатата сезона ја одиграл во Финска во екипата на Тамперен Пиринто.
Харис нема да има проблем да се вклопи на теренот заедно со сонародникот Џабари Хиндс, со оглед што двајцата одиграа две сезони како соиграчи во Вест Вирџинија универзитетот.
Тој сигурно нема да биде во тимот за утрешниот меч со Сплит, а се очекува да пристигне во Скопје во текот на претстојната недела.
МЗТ Скопје Аеродром во моментов бара и адекватно и квалитетно засилување и за центарската позиција, како своевидна замена за Нуни Омот, кој мораше да замине во САД поради проблеми во семејството.