Фенербахче на Жељко Обрадовиќ беше тим кој досега доминираше во регуларната сезона од Евролигата, но во Мадрид беа потсетени дека Реал е актуелниот шампион, откако „кралевите“ стигнаа до импресивна 101:86 победа.
Тимот на Пабло Ласо имаше предност од почеток до крајот на мечот, покажувајќи дека во Мадрид (барем во кошаркарскиот клуб) уште се живи шампионските амбиции и покрај третото место на табелата.
Ентони Рендалф имаше 21 поен за Реал, Серхио Љуљ додаде 17, додека за гостите Костас Слукас имаше 15, а по 12 додадоа Гудуриќ и Весели.
Панатинаикос пак, продолжува со добрите игри и со обидот да се стигне до плеј-оф, откако со 91:67 ги „растурија“ Дарушафака во Истанбул. Ова е трета победа едноподруго за ПАО за да го подобрат скорот на 12-13.
Ник Калатес и Дешон Томас беше лидери на Панатинаикос со фантастичното прво полувреме во кое предноста дојде и до 15 поени (19:44). Калатес заврши со 10 поени и 11 асистенции, додека Јоанис Папапетру беше лидер на грчкиот тим со 18 поени.
Жалгирис исто така останува во игра за плеј-оф, откако имаа фантастична 98:64 победа над Гран Канарија и покрај отсуството на тројца повредени кошаркари. Едгарас Улановас имаше 18 поени, Томас Валкап додаде 12, додека за гостите, Маркус Ериксон беше најдобар со 13 поени. Жалгирис сега има 10-15 скор, додека Гран Канарија е „отпишана“ со 6-19.
ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО
Дарушафака – Панатинаикос 67:91 (17:20, 20:26, 16:20, 14:25)
Жалгирис Каунас – Гран Канарија 98:64 (25:10, 21:17, 31:18, 21:19)
Баерн Минхен – Макаби Тел Авив 70:77 (17:18, 14:15, 16:25, 23:19)
Реал Мадрид – Фенербахче 101:86 (27:25, 25:20, 25:16, 24:25)
Фото: ЕПА