Ситуацијата во Украина продолжува да има големо влијание на европскиот спорт, откако Евролигата реши да ги откаже трите мечеви во кои учествуваа руските клубови – денешниот меч помеѓу Баерн Минхен-ЦСКА Москва, утрешната пресметка Басконија-Уникс во Шпанија и Зенит-Барселона, меч кој е закажан в петок.
Барселона денеска одлучи да не патува за Русија за мечот со Зенит, додека Баерн Минхен побараа откажување на мечот со ЦСКА Москва, откако германската телевизија потврди дека ако мечот се игра нема да вршат пренос. Литванскиот Жалгирис, пак, објави дека веќе нема да игра со трите руски клубови оваа сезона.
Решение за остатокот на сезоната, доколку е возможно, ќе се бара понатаму.
Update on Regular Season Round 27 Games pic.twitter.com/SmD2W0Fcyt
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) February 24, 2022