Веста дека кошаркарите на Словенија се пијанчеле до раните утрински часови во пресрет на четвртфиналето против Полска, кое сензационално го загубија на Евробаскет, предизвика бура во цела Европа. Се разбира, најмногу во Словенија.
Еден ден по излегувањето на информацијата, сето ова го демантираше Кошаркарскиот сојуз на Словенија.
„Кошаркарскиот сојуз на Словенија не се занимаваме со вакви невистинити и ужасно злонамерни обвинувања и затоа не ги ни коментираме“, соопшти кусо словенечката Куќа на кошарката.
Словенија загуби од Полска во четвртфиналната пресметка со 87:90 иако важеше за огромен фаворит. Потоа излезе и информацијата дека Словенците премногу се опуштиле во деновите пред споменатиот дуел.