Top Sport

Фенер доживеа „катастрофа“ во Барселона, Обрадовиќ ги „молеше“ своите играчи (видео)

Фенербахче загуби со огромни 89:63 (25:15, 19:15, 23:10, 22:23) на гостувањето кај Барселона за да го има својот најлош старт на една сезона од Евролигата (2-7 скор и претпоследно место пред новакот Зенит), но изгледа тренерот Жељко Обрадовиќ веќе нема нерви да ги „кара“ своите кошаркари и наместо тоа на тајмаут ги „молеше“ да играат малку одбрана.

Кори Хигинс постигна 13 од своите 22 поени во првата четвртина, за Барса да води од почеток до крај за убедлива победа со која тимот на Светислав Пешиќ има 7-2 скор. Алекс Абринес имаше 15 поени, Кајл Кјурик додаде 11, а Адам Ханга 10 во едностран меч, во кој Фенербахче во првото полувреме уфрлија само 20 поени.

Ова секако не наиде на добра реакција на тренерот на Фенер, и така нервозниот Жељко Обрадовиќ, кој за време на еден тајмаут, саркастично ги молеше своите кошаркари да играат малку одбрана.

ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО

Барселона – Фенербахче 89:63 (25:15, 19:15, 23:10, 22:23)

Басконија – ЦСКА Москва 80:70 (24:19, 21:13, 17:17, 18:11)

Scroll to Top