Минатогодишните финалисти од Евролигата, а воедно и први фаворити за трофејот оваа сеона, Фенербахче и Реал Мадрид продолжија со лесните победи и во 18. коло од елитното европско натпреварување.
Фенербахче во својата „Улкер спортс арена“ со 78:61 го победи Жалгирис за да го заддржи првото место на табелата, откако направи предност по првото полувреме (43:29) која потоа не беше достижна за литванскиот клуб.
Во 16. победа во 18 меча за Фенер најефикасни беа Костас Слукас и Мелих Мамутоглу со по 14 поени, додека кај Жалгирис, Брендон Дејвис имаше 12 поени.
Реал Мадрид го „заддржа“ темпото со турскиот ривал, откако дома со 94:78 го победи Олимпијаос, градејќи предност од почеток до крајот на мечот.
ЕВРОЛИГА, 17.КОЛО
Анадолу Ефес – Химки 81:72 (23:16, 13:18, 26:17, 19:21)
Фенербахче – Жалгирис Каунас 78:61 (19:11, 24:18, 14:15, 21:17)
Реал Мадрид – Олимпијакос 94:78 (28:23, 26:23, 18:17, 22:15)
Фото: ЕПА