Top Sport

ФИБА: Србија се фаворити за златото на СП

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави новата листа на фаворити за претстојното Светско првенство во Кина. На оваа листа прв фаворит за златниот медал е репрезентацијата на Србија.

На претходната листа први фаворити беа Американците, но отказите со кои се соочи нивниот селектор Грег Поповиќ и добрата игра на Србија на „Акропол купот“ во Грција ги исфрлија Србите како главни фаворити за златото.

Во објаснувањето на оваа одлука ФИБА наведува дека кога еден тим ќе ја победи Грција во Атина пред 18.000 гледачи, во чии тим игра МВП на сезоната во НБА лигата, Јанис Адетокумбо, а при тоа игра без главните ѕвезди Милош Теодосиќ и Никола Јокиќ, тогаш тој тим е многу силен и заслужува да е на позицијата број 1.

САД се втори, а ФИБА објаснува дека е чудно кога Американците ќе се стават на втората позиција, но дека тоа е резултат на она што се случува изминатиот месец.

Зад Србија и САД следуваат Шпанија, Франција, Грција, Литванија, Аргентина, Русија, Австралија и Бразил.

Светското првенство во Кина ќе започне на 31 август, а ќе заврши на 15 септември.

Scroll to Top