Кошаркарската репрезентација на Македонија успешно ја заврши мисијата во претквалификациите и со победата над Норвешка (41:79) обезбеди пласман во натамошните квалификации за Евробаскет 2025.
Еден од најискусните во кошаркарскиот национален тим, Стојан Ѓуроски, како и комплетната стартна петорка, имаше одличен настап на гостувањето во Осло.
„Го следевме натпреварот меѓу Данска и Словачка, но исто така бевме подготвени да одиграме за себе и да победиме. Го следевме планот на селекторот кој беше многу сличен на оној од првиот меч во Гевгелија – да го запреме нивниот најдобар играч Фреј. Успеавме во тоа, одигравме агресивен и цврст натпревар, примивме само 41 поен и мислам дека одбраната повторно беше клуч на нашиот успех со што го запечативме првото место кое го заслуживме. Во овој циклус игравме со силни репрезентации кои не се за потценување, сега ќе прославиме во очекување на следните ривали во квалификациите за Европското првенство“, Стојан изјави Ѓуроски по триумфот против Норвешка.