Грчкиот коментатор Такис Цукалас се наоѓа под истрага на обвинителсвото поради навредите што ги упатил кон кошаркарот на Панатинаикос, Танасис Адетокумбо.
„Имаат мајмун! Оној лик Адетокумбо е мајмун, ви велам. Што прави тој кловн? Се срами ли? Го срами својот брат“, рекол Цукалас во преносот на натпреварот Панатинаикос-Олимпијакос, одигран во Евролигата пред вде недели.
Поради ова грчкото обвинителство решило да покрене истрага против коментаторот кој може да добие и три годишна затворска казна. Коментаторот порачал дека неговите зборвои се однесуваат на однесувањето на кошаркарот на теренот, а не на бојата на кожата.
По повод инцидентот се огласи и братот на Танасис, НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо.
„Неколку ноќи не спиев поради расистички инцидент. Ако ова му се случува на Танасис кој со гордост и насмевка ја претставува грчата репрезентација и Панатинаикос, тогаш не можам да замислам што им се случува на другите обоени луѓе во Грција“, рекол Јанис.
Браќата Адетокумбо се родени во Грција. Нивните родители се доселиле во Грција од Нигерија. И Јанис и Танасис играат за грчката репрезентација.