Џејмс Харден стана 45. НБА кошаркар во историјата кој ја надминал границата од 20.000 поени во кариерата, за Хјустон рокитс да стигнат до 139:109 победа над Минесота тимбервулфс.

Харден постигна тројка на 6:30 пред крајот на првото полувреме за да стигне до оваа бројка, по што мечот го заврши со 32 поени, 12 скока и 8 асистенции. За Хјустоон ова е 21. победа во 25 меча со Тимбервулфс и 13-та победа во низа дома.

Јанис Адетокумбо имаше 32 поени, 17 скока и 6 асистенции за да ги предводи Милвоки бакс до убедлива 122:101 победа над Портланд. Крис Мидлтон додаде 30 поени, Ерик Бледсоу имаше 29 за Бакси да стигнат до осма победа во последните девет меча и првата половина од сезоната да го завршат со 35-6 скор.

Лос Анџелес лејкерс пак, без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, стигнаа до 125:110 гостинска победа кај Оклахома Сити тандер. Кајл Кузма имаше 36 поени, додека за Тандер по 24 поени имаа Галинари и Гилгус-Александер. За Лејкерс ова е осма победа во низа.

Лука Дончиќ и Двајт Пауел имаа по 19 поени за Далас со доминантна трета четвртина да ги победат Филаделфија со 109:91, за петти пораз во седум меча за Сиксерси.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Хјустон – Минесота 139:109

Бостон  – Њу Орлеанс 140:105

Детроит – Чикаго 99:108

Оклахома – ЛА лејкерс 110:125

Далас – Филаделфија 109:91

Денвер – Кливленд 103:111

Портланд – Милвоки 101:122