Top Sport

Хрватите останаа без СП, во Ниш прекин откако снема електрична енергија

Kошаркарската репрезентација на Хрватска загуби од Финска на домашен терен со 79:81 во последното коло од првото квалификациски сегмент за Светското првенство и како последна во групата не успеа да се пласира во втората рунда. „Коцкестите“ нема да го водат мундијалот.

На две минути пред крајот Хрватска имаше предност од 78:70 и се чинеше дека се е решено, но потоа Финска направи неверојатен пресврт. Во последната секунда беше досуден фаул за Хрватите, а Ивица Зубац имаше шанса да го одведе мечот во продолжение. Сепак, не погоди и Финска славеше со 79:81.

Натпреварот меѓу Србија и Белгија во Ниш е прекинат при резултат 3:6, на самиот старт откако во салата „Чаир“ снема електрична енергија по нецели три минути игра. Мечот ќе се доигра утре, со почеток во 19 часот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');